КОЛЕВ ЈА ПОВИКА ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВА ВРАБОТЕНИТЕ ПО РАМКОВЕН, КОГА ЌЕ СЕ ДЕЛИ К-15 ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА
„Се надевам дека Владата нема да заборави да им исплати К-15 на рамковните вработени! Сигурен сум дека ова е еден од новите ,,услови” предвиден по новата методологија за преговори со ЕУ!
Очекувам силна реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ако не им исплатат, сепак рамковните ни се наследство од нивното време!“, напиша на својата официјална facebook страна претседателот на ГДУ, Петар Колев.