ГДУ-КУМАНОВО: КИНЕЗИТЕ БОЛНИЦА ЗА 10 ДЕНА, НИЕ ЕДЕН МОСТ-ЕДЕН МАНДАТ

//

„Реконструкцијата на мостот за железнички сообраќај во населбата Перо Чичо ја врши странската фирма WIBE, која побарала одобрување истата да ја заврши до ноември 2019 година. Рокот пробиен за САМО повеќе од три месеци.

Има ли одговорни лица кај државните органи што ќе извршат инспекција на лице место и што ќе констатираат неправилности и пробивање на роковите? Или ние умееме само да плаќаме пенали на странските фирми кога Владата нема да испочитува рокови, а обратно нема кој да ги повлече конците? Па ќе го преплаќаме автопатот на странците, а ќе опростуваме нивни грешки.

Кинезите поставија нови стандарди во градежништвото-една болница 10 дена. Ние одиме напред- еден мост-еден мандат. Па да видиме кој е кој. Кинезите не ни се дораснати.
Никако не е добро што тука секојдневно, двапати во денот чека и првиот човек на нашата држава- Премиерот. Оној што на сите ни ја крои судбината чека на семафор. Небаре проблемите ни се решени, па имаме време за мала пауза. И никому тоа не му пречи.

Па зарем има еден одговорен во државата кој отворено ќе истапи и ќе каже доста е веќе? Нели ви здодеа само да ги гледате работите од страна и ништо да не преземате? Или буџетот е во прашање, па нема конкретни жртви? И те како има, а тоа сме сите ние.



Ние, граѓаните ја плаќаме непособноста на нашите институции и тоа што некомпетентни се поставени на одговорни места, ни се враќа како бумеранг. Па после оди исправи ги работите, кога целата конструкција е на лабави нозе, што не држат.

Граѓанско Демократска Унија-Куманово ќе биде во наредниот период коректив што недостасува. Ќе ги отвораме прашањата и ќе бараме одговори од Владата. Впрочем, на 12 април тие ќе бараат доверба од граѓаните. Ние веќе ја имаме“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

Претходна статија

28 ЛУЃЕ ГО ЗАГУБИЈА ЖИВОТОТ ВО ДВЕ ЛАВИНИ ВО ТУРЦИЈА

Следна статија

КОЛЕВ ЈА ПОВИКА ВЛАДАТА ДА НЕ ГИ ЗАБОРАВА ВРАБОТЕНИТЕ ПО РАМКОВЕН, КОГА ЌЕ СЕ ДЕЛИ К-15 ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Најново од Вести