Колев: Му благодарам на новиот Бугарин Стојменов за вниманието, но жалам што Гоце Михајлоски доби отказ за државјанство

//

Претседателот на ГДУ Петар Колев ја изрази својата благодарност до сопственикот на Канал 5 телевизија Емил Стојменов, за тоа што после долго време најгледаната телевизија во РС Македонија направила прилог во којшто се спомнува неговото име и партијата Граѓанско демократска унија.

„Би сакал да му се заблагодарам на сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов, за тоа што после долго време јас и мојата партија се најдовме во прилог на најгледаната македонска телевизија. Денеска видов дека дескот на телевизијата се погрижил да ја информира македонската јавност за едно мое интервју за Бугарската национална телевизија, старо една недела. Најверојатно тоа се должи на фактот што бугарскoто државјанство на г-н Стојменов веќе е излезено и тој веќе може да се пофали дека е Бугарин, исто како неговиот чичко Алекса Стојменов, познат активист на МПО „Тодор Александров“ во Брисел“, изјави за нашиот портал Петар Колев, како реакција на прилог на тв Канал 5 насочен против него и партијата со која што раководи.

Според Колев, фактот што Канал 5 веќе е телевизија чиј сопственик е Бугарин, може само да го радува.

„Сопственикот на Канал 5 г-н Емил Стојменов е Бугарин и тоа може само да ме радува. Кога првиот човек на најгледаната телевизија во Македонија ги открил своите бугарски корени и ги докажал со документи пред надлежните органи во Бугарија јас немам зошто да бидам налутен или вознемирен од „пријателскиот оган“ на оваа телевизија“, вели Колев.



На прашањето каква е неговата реакција за видливиот говор на омраза во најавата на прилогот на социјалната мрежа Facebook, Колев истакна дека тоа најверојатно се должи на фактот што главниот уредник на медиумот Гоце Михајлоски се уште не може да го докаже своето бугарско потекло и да добие бугарско државјанство.

„Говорот на омраза којшто се забележува во објавата на социјалната мрежа Facebook се должи на тоа што главниот уредник на Канал 5, Гоце Михајлоски, добил отказ за добивање на бугарско државјанство, бидејќи не го докажал своето бугарско потекло со документи, како што тоа го направил неговиот газда Стојменов. Јас навистина жалам поради овој факт и најискрено му посакувам успех во потрагата по документи од неговите баби и дедовци, со кои да докаже дека навистина има бугарско потекло“, изјави Колев за Трибуна.

Претходна статија

МЗ објави колкав процент од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

Следна статија

Арсовски: Славија секоја година има приход од 50 милиони евра, а тие сакаат да ја продадат по цена од 218.000 евра

Најново од Вести