Колев: Сторителите на грдиот акт со промената на спомен обележјето во Клепач да бидат исправени пред лицето на правдата а споменикот вратен таму каде што му е местото

//

Претседателот на ГДУ Петар Колев, се обрати до Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески Јавен обвинител на Република Северна Македонија во врска со спомен обележјето во село Клепач, прилепско, каде што старата спомен плоча била заменета со нова и притоа им биле заменети – преправени презимињата на комтите и бил изменет дел од текстот.

Отвореното писмо ви го пренесуваме во целост:

До
Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија
Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија

Почитувани господа,
Верувам дека веќе сте информирани од страна на вашите соработници за грдиот акт на отстранување на спомен обележјето посветено на војводата Велко Скочивирчето (Скочивирски) и комитите од дворот на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“ во селото Клепач, прилепско.

Искрено се надевам дека ја сфаќате сериозноста и последиците од овој (најнов) чин на варварство, мотивиран од омраза.Верувам дека сте свесни оти времето за вербални заложби за еднаквост, општество за сите и сл. одамна помина и сега се потребни дела а не зборови.



Досегашната рамнодушност на институциите и континуираната стигматизација кон одредени граѓани на земјава само ги мотивира насилниците да ја манифестираат својата деструктивност, знаејќи дека таквото поведение нема да биде санкционирано.Моето обраќање до вас е мотивирано од надежта дека конечно институциите на системот ќе проработат и во најскоро време сторителите ќе бидат исправени пред лицето на правдата, а спомен обележјето вратено таму каде што му е местото.

Со почит,
Петар Колев
Претседател на Граѓанско Демократската Унија

Претходна статија

Македонија се уште не побарала екстрадиција на македонскиот дипломат притворен во Србија

Следна статија

Арсовска: 250 нови еколошки автобуси – решение за подобрување на јавниот превоз и намалено загадување

Најново од Вести