КОЛИНДА ГРАБАР ЈА ОБЈАВИ КАНДИДАТУРАТА ЗА ВТОР МАНДАТ
Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ ја објави кандидатурата за втор мандат, јавуваат хрватските медиуми. Нејзиниот слоган е „Затоа што верувам во Хрватска“.
– Вашата доверба е мојата сила. Како претседател секогаш јавно ги искажував најважнит епроблеми, отворајќи јавна расправа по нив и нудејќи ги своите решенија. Сега ја барам вашата доверба за втор мандат – рече Грабар Китаровиќ, нагласувајќи ја важноста за општеството.
Таа изрази благодарност на сите Хрвати кои и дале поддршка и доверба, а се заблагодари на ХДЗ, на претседателот на партијата, Андреј Пленковиќ и на секој член.