КОМЕДИЈАТА „СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ“ ПРЕМИЕРНО ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

Комедијата „Слуга на двајца господари“ според италијанскиот автор Карло Голдони, во адаптација и режија на Ненад Витанов вечерва ќе биде премиерно изведена на на Големата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес.


Сценографијата за претставата е на Филип Витанов, костимите на Катерина Чукниева, а во претставата настапуваат актерите: Самоил Стојановски, Славица Манаскова, Зорица П.Панчиќ, Кристијан Саздовски, Симона Димковска, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Весна Димитрова Бобевски, Кица Ивковска и Јордан Витанов.


„Слуга на двајца господари“ е комедија, која зборува на современ јазик, за проблемите кои се вечни. Тоа е светот на богатите и сиромашните. Во животот е социјална драма, а во театарот е комедија. Главниот јунак се бори да врзе крај со крај, не месец за месец, туку ден за ден. Низ неговата приказна го следиме цело едно општество, што се случува. Претставата е во современ контекст и секој од публиката ќе се пројаде во неа“ – вели режисерот Витанов.