|

МИЦКОСКИ ВЕТИ ДЕКА НЕГОВАТА ВЛАДА ЌЕ БИЛА ИСТОРИСКИ НАЈДОБРА

Ние не треба да сме подобри од нив, ние не треба да сме просечни, ние мора да сме најдобри и историски најдобри од осамостојувањето од таа 91 година до денеска, затоа што се плашам дека повеќе ќе немаме можности за грешките да ги корегираме во иднина.

Затоа драги кумановчани, драги пријатели идната влада која што ја предводи ВМРО-ДМНЕ мора да биде историски најдобра, мора да биде историски најдобра и ние мораме да се обврземе пред нашите сограѓани дека целата оваа емпатија, разочараност, демотивираност ќе исчезне. Ќе понудиме решенија кои што не ветувам дека ќе ги решат сите проблеми, тоа е невозможно бидејќи никој не може да ги реши сите проблеми, но можам да ветам многу работа, работа и само работа и онаа Черчиловата максима дека потребни ни се крв, пот и солзи за да успееме. А јас ви ветувам дека заедно ние ќе успееме, им порача на граѓаните на Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.



Слични Објави