Компанија, најголем донатор на ДУИ, која ги печати сведителствата, ќе ја организира прославата за Рамковниот договор, добила вкупно 61 тендер

/

Тетовска компанија која треба да ја организира манифестацијата за 21 година од Рамковниот договор, е истата фирма која треба да набави свидетелства за учениците. Фирмата, која во 2015 се јавува и како најголем донатор на ДУИ, во последните четири години добила 61 тендер од државата, најчесто од институции раководени од кадри на ДУИ, објави Радио Слободна Европа.

Радио Слободна Европа пишува дека фирмата која треба да ги набави свидетелствата за учениците ќе ја организира и прославата за 21-годишнината од Рамковниот договор. Тетовската фирма Арбериа Десигн ја организираше и минатогодишната прослава, стои зад организацијата и на прославата на Денот на албанското знаме, а позната е и по печатењето на учебници на албански јазик. Според податоците на Бирото за јавни набавки, само во изминатите 4 години, оваа компанија добила 61 тендери од државата од околу 4 милиони евра.

Според податоците на Државниот завод за ревизија, фирмата се јавува и како донатор на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изборите во 2015. Тогаш тетовската фирма одвоила 20 илјади евра и е најголемиот донатор на ДУИ за тие избори.

Извор: Zoom. mk





Претходна статија

Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите

Следна статија

Ќучук: Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, тоа ќе ги блокира преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Најново од Вести