Ќучук: Ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот, тоа ќе ги блокира преговорите на Северна Македонија со ЕУ

//

Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук.

– Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија се уште не е започнат, бидејќи се чека да заврши скринингот, кој ќе потрае извесно време. Од бугарското искуство знаеме дека тоа трае од година и половина до две години и мора да се дадат оценките за тој скрининг, вели Ќучук за софиската телевизија бТВ.

Тој нагласува дека „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтеграцијата на земјава претставува предлог на Европската Унија, бидејќи е прифатен со консензус од сите членки на ЕУ, ја доби и потребната политичка поддршка, како во бугарското, така и во македонското Собрание.

Согласно „францускиот предлог“, преговорите на земјава по кластери и поглавја треба да почне по завршувањето на процесот на скрининг, но и по вклучувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот во редот на останатите делови од народи што живеат во државата.

– За жал, во македонскиот Парламент, „францускиот предлог“ беше прифатен само со гласовите на владејачките и дел од опозициските партии. Најголемата опозициска партија категорично се спротивстави на овој предлог.



Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Компанија, најголем донатор на ДУИ, која ги печати сведителствата, ќе ја организира прославата за Рамковниот договор, добила вкупно 61 тендер

Следна статија

Тилев: Скринингот на ЕУ е исклучително сложен процес, уставните измени се голем товар кој не смее да тлее долго

Најново од Вести