| |

Кон 100 годишнината од подлото убиството на Тодор Александров (1924 – 2024) Дух што броди по сите македонски краишта

Пишува: Христо Михајлов

Со предвременета смрт на душата на македонската револуција Тодор Александров нашето национално ослободително движење ја изгуби наjзначителната фигура от периодот после знаменитата 1903 година. Неговата железна волја всушност беше и неговата трагична вина, зашто истиот тој го држеше високо знамето на независноста на Организацијата. Ниту зловештата Коминтерна от Москва и нејзината испостава -БКП, ниту пак тогашната влада на Александар Цанков, ниту разните шарлатани и протуви коишто невешто се обидуваа да ги прикриваат своите трговски далавери от типот и сојот на Алеко Василев и подобните нему, можеа да го скршат неговиот тврд карактер.

Жртви на таа отворена антимакедонска стратегија станува и раководоствто на прочуената Илинденска организација со седиште во Софија, олицетворена во ликот и (не)делото на персоните на Георги Занков и публицистот от с. Селци, Дебарско, Арсениј Јовков главниот редактор на весникот “Илинден“. Јовков го публикува т.нар. Мајски манифест, и покрај изричната лична наредба на Тодор Александров да се исчека Конгресот на ВМРО. Притоа Јовков форсира определена лева ориентација на ВМРО, сето тоа под силен притисок на Централата от Москва- Коминтерната. Подмолното убиство на Т. Александров ги извади на површина сите сплетки, сите лукави дејствија на противниците на ВМРО – организација која требаше да си остане чисто национална организација и да ги решава наслоените проблеми на веќе раскинатата татковина.

Непомирливите непријатели на тој свештен принцип во лицето на претставникот на Коминтерната Соломон Голдштајн Черски требаше да го принудат ЦК на ВМРО да ја прими нивната замислена класно партиска постановка на идната борба. Московските сатрапи премногу добро сфатија, дека тоа нивно усилие би можело да биде подкрепено само от такви луѓе, кои што поради славољубие, суетност и љубомора можат да бидат лесно насочени директно против гранитниот лик на Тодор Александров. И токму во тој однос како најзгодни се покажаа разбојникот Алеко Василев Пашата и бугарскиот подполковник Георги Атанасов, чисто криминален тип и комунист. Тие јавно и на повеке пати ја подлагале на божемна критика речиси аскетската отдаденост на Александров на великото дело, неговата сурова строгост и железна дисциплина. Кушрумите, испратени от коминтерновските наемници Динчо Вретенаров и Штерју Влахов ја погубија легендата на Организацијата, но тој беше погубен и от конформизмот на мал дел от неговите луѓе, од политичката фарисејштина на коминтерновските стратези, и от државничката недалновидност на управувачите на тогашното царство Бугарија.

Неговто физичко убиство е синорот на две времиња во историјата на ВМРРО; тогаш романтиката на револуционерните борби принудно отстапи пред жестоките и прагматични изискувања на нашата посовремена историја, по нечовечкиот Нејски мировен договор 1919 г, во Франција. Се започнува од прословутиот Меморандум упатен до председателот на Париската мировна конференција во 1919 г, за потоа се премине низ апсењето и спектакулрано бегство от софискиот затвор и прогоните от владата на Александар Стамболијски па се до илегалната дејност во поробенната от србите Вардарска Македонија, великанот Тодор Александров, како речиси никој друг от нашите политички дејци во поновата наша историја, ги бара сите возможни врзки и политички варијанти, коишто би го потпмогнале и улесниле народното ослободително дело.

Трескава дејност, реализирана во сите можни насоки-од големата масонска ложа во тогашна Бугарија, Конститутициониот блок, преку Демократскио сојуз, па директните контакти со англичаните, посебно од влијанието на Ноел Бакстон и Мекдоналд, па дури и со србскиот министер за надворешни работи М. Нинчиќ, стасувајки се до БКП и Коминтерната во Москва. Една виртуозна политичка спирала, во којашто магот Тодор Александров добро ја знае стојноста и целиот преземен ризик на секоја своја стапка, вклучително и на онаа со надалеку прочуениот т.н. Мајски кманифест , во којашто при секоја нова активност тој веке го предвидувал својот следен чекор, со кој ќе ја осигури и закрепни револционерната и ослободителната дејност на семоќната Организација. Единственото, коешто не можеше да го предвиди, беше предавството , темната рака на туѓите агенти и коминтерновски емисари внатре во сопствената му Организација, нешто кое стави крај на негвот достоен живот во пазувите на борбената Пирин планина, притоа одвај надминувајќи ја својата четериесет годишна возраст.

Животот, идеите и делото на Тодор Александров исто како и на негвотие бугарски екзархиски учители Даме Груев и Гоце Делчев уште от поодамна неразделно се поврзани со името и судбината на борбена Македонија. Точно нему му беше определено од историјата, тој да ја раководи ВМРО точно во времето кога Македонија, таа лулка на бугаршината беше разделена меѓу срби и грци. Александров беше македонски бугарин и бугарски националист, нешто кое никогаш и никаде не го криеше. И токму затоа, низ мрачното минато на србо- југословенскиот комунистички тоталитаризам, иако е безочно напаѓано, клеветено и секогаш проследувано од конвертитите и предавниците, имато и делото на Тодор Александров останаа да живеат во срцата и душите на сите вистински македонски патриоти низ светот, оние кои искрено мислат за својот род и родина и корени.

И денес Александров е трн во очите за оние продадени ситни души, целосно одадени на коњуктурата на божемната дмеократија, не гледајќи како византиската лукавштина и шумадијскиот србски простотилак ги покорува по мирен пат, оние за нив некогаш неосвоивли тврдини, за коишто токму самиот Тодор Александров војуваше на живот или смрт. Но и колку да се трудат последователите на Тито- Колишевски – Б. Црвенковски во денешната Р.С.Македонија тие нема да успеат зашто белсаковото име на Тодор Александров ќе биде славено во целата наша млада држава. По недостојното и срамно молчење, по сите забрани и анатеми над неговото свештено дело, Тодор веќе возкресна и во родната Македонија, затоа што животот и вистината секогаш ги победуваат смртта и лагата. Зашто тој истиот Тодор Александров, си ја пронајде смртта на својот пост, токму така, како што повелуваа суровите закони на борбата и со неговата гибел небето над родната му Македонија потемни, но борбата не запре ниту за миг. Светлиот обединителен бугарски идеал беше некако зафрлен настрана от претенциозните фанатици на класно – партиската догма.

Нека биде вечна паметта на Тодор Александров, ТОЈ се нареди до Даме и Гоце, заземајки си го за век и веков местото што му припаѓа во Пантеонот на безмрните македонски Бугари! По неговата гибел, борбата продолжи… почна да изгрева ѕвездата на неговиот сосед, сограѓанин и соборец, Иван – Ванчо Михајлов…

Слични Објави