КОНЦЕРТ „ЕДНАКОВ ПРЕДИЗВИК“ ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

Утре по повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, невладината организација „Хендикеп Плус“ и продукцијата „Александер АРП“ организираат концерт со наслов ,,ЕДНАКОВ ПРЕДИЗВИК” под покровителство на Министерство за Култура.

Концертот ќе се одржи во музејот на ВМРО, со почеток од 16 часот. На самиот настан ќе биде промовирана и песна со видео спот во изведба на Александар Ристевски Принц, посветен на лицата со хендикеп.