Трипуновски: Власта ги уништува институциите, подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле и Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струјата

/

Власта, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите. Состојбата со АД Водостопанство станува неподнослива. Додека над 500 вработени од претпријатието веќе трет месец се без плата и здравствено и пензиско осигурување, сега подружниците на водостопанство Брегалница, Прилепско поле, Тиквеш поради неисплатени долгови се со исклучена струјата, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои пристигаат до него, директорот на АД Водостопанство си ги преместува канцелариите на Водно.

– Додека АД Водостопанство се распаѓа, директорот, Николовски и Ковачевски уживаат во комодитетот на функцијата. Ваквиот начин на работа, на негрижа и неодговорно однесување од страна на функционерите на власта на СДСМ стана пракса. Доаѓа крајот на ваквото расипничко однесување. Следуваат промени, додаде Трипуновски во својата објава.





Претходна статија

Петровска: Многу лажни вести беа пласирани околу францускиот предлог

Следна статија

Во ресенско санкциониран пијан возач со измерени 4,07 промили алкохол

Најново од Вести