КОНЦЕРТ НА „АЛБАНСКИ АНСАМБЛ НА НАРОДНИ ОРА И ПЕСНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Истакнато Култура

Министерот Асаф Адеми синоќа во Домот на Армијата на Република Македонија присуствуваше на првиот концерт на новоформираната национална установа „Албански ансамбл на народни ора и песни во Република Македонија“.
Пред почетокот на концертот, министерот Адеми во своето обраќање пред многубројните гости истакна дека формирањето на овој професионален ансамбл е само уште една потврда за грижата во негувањето на играорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна традиција на албанската заедница во Република Македонија. Воедно тој го изрази своето уверување дека ансамблот и во иднина ќе биде достоен репрезент на албанскиот фолклор, традиција и култура не само во земјата туку и во светот.
Установата „Албански ансамбл на народни ора и песни во Република Македонија“ е формирана во март годинава.