КОНТЕ Е НА ПОТЕГ: ЌЕ ГО ВРАТИ ХЕРОЈОТ НА ФЛАМЕНГО ВО МИЛАНО ИЛИ ЌЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД НЕГО?

Габриел Барбоса или попознат како Габи-гол е херојот на Фламенго, откако синоќа со два гола за три минути во завршницата од финалето во Копа Либертадорес против Ривер плејт му го донесе највредниот трофеј на својот клуб по 38 години пауза. А, до крајот на годинава е член на црвено-црните од Рио и потоа би требало да се врати во Интер.

Габи се запиша во историјата како стрелец на најбрзи два гола во едно финале, откако погоди во 89-та и 90+2 минута од мечот, со што го урна рекордот на Луис Перез Муњоз, кој за Коло Коло во 1991 година постигна два гола за пет минути во финалето. Но, тоа што сега го става Габриел Барбоса во фоусот е што на крајот на годинава му истекува заемот во најпопуларниот бразилски клуб.

Тој е член на Интер, но не се снајде во Милано, го прогласија дури и за „утка на векот“, па Габи-гол се врати во Рио и повторно блеска. Сега на ред е Антонио Конте, да реши дали му треба и дали ќе го врати во составот од јануари. Или пак, Фламенго ќе добие нов едногодишен заем, можиеби и опција да го откупи напаѓачот. Но, тренерот на Интер е сега тој што брзо треба да пресече.

Инаку Бразилецот има договор со „нераѕурите“ до лето 2022 година, а Интер моментно има двајца напаѓачи Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку. Габи-гол во бразилската Серија А има 22 гола и осум асистенции на 26 настапи, додека во Копа Либертадорес даде девет гола со две асистенции на 12 меча.

Извор: Спорт1

Слични Објави