|

Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, вели Ковачевски

Сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во борбата против корупцијата бидејќи таа е закана за функционирањето на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Во објава на Фејсбук, Ковачевски повторно вели дека спречувањето и сузбивањето на корупција е високо на владината агенда.

„Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата. Како земја која ги има отпочнато преговорите со ЕУ, сите ние мора да ги удвоиме напорите и да се посветиме на решавањето на проблемот со корупција, бидејќи никој не смее да биде над законот, а граѓаните заслужуваат да живеаат во демократско општество со европски вредности и функционирање“, напиша Ковачевски.



Слични Објави