КОСОВО ДОБИ КВАЛИТЕТНО ЗАСИЛУВАЊЕ ПРЕД ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ЛИГА НА НАЦИИ

Македонската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации, кадешто ќе се пресмета против селекцијата на Косово, која денеска доби квалитетно засилување.

Фудбалерот на Херенвен од Холандија, Ибрахим, Дрешевиќ реши да настапува за репрезентацијата на Косов, иако има потекло од Црна Гора.

Дрешевиќ има само 22 години и станува збор за квалитетен дефанзивец, кој настапуваше во минатото за младинските селекции на Шведска, а сега сениорската кариера ќе ја продолжи во Косово.

Тој е на списокот со фудбалери на селекторот на Косово за натпреварите против Црна Гора и Бугарија, а најверојатно ќе биде дел од фудбалерите, кои ќе се пресметаат против Македонија во март идната година.

Извор: Спорт1

Слични Објави