| |

ДЕМОКРАТСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО АЈОВА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Претседателот на Демократската партија во сојузната држава Ајова, Трој Прајс, поднесе оставка поради лошата организација на кокусот во оваа држава.

На кокусот се бираше партиски кандидат за претседател за изборите во ноември.

„Факт е дека демократите заслужуваат повеќе од она што се случи на ноќта на кокусот. Како претседател на оваа партија длабоко ми е жал поради тоа што се случи и преземам одговорност за какви било пропусти“, напиша Прајс во писмената оставка, објави Си-ен-ен.

Тој навел дека сака да остане на таа функција, но дека верува дека е време демократите во Ајова да продолжат понатаму, а дека тој би им го отежнал тоа доколку остане на позицијата.

Неговата оставка следи по хаотичниот кокус во Ајова, што го одбележа доцнење на резултатите поради технички проблеми и грешки во апликацијата.

Извор: Макфакс

Слични Објави