|

Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец“, Ахмети и неговите сопартијци го прославија премиерското место

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од прославата на ДУИ за премиерското место на Талат Џафери во техничката влада.

На видеата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и останатите членови ги покажуваат црвените вратоврски на кои од внатрешната страна пишува „Премиер Албанец“ и наведен е датумот, за кој велат дека е историски за Албанците во земјава.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пее за историскиот момент.

Артан Груби, неговиот сопартиец, кој во новата влада ќе биде министер за политички систем, објави видео на својот Фејсбук профил.-„Многу емоции, пријатели. Али Ахмети пее за Калош Дани“, пишува Груби.

Текстот (Видео) Со песна и црвени вратоврски на кои пишува „Премиер Албанец“, Ахмети и неговите сопартијци го прославија премиерското место е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави