| |

СОПРУГ И СОПРУГА ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО НИВНИОТ ДОМ ВО КРАТОВО

Во помошна просторија во дворот од семејната куќа во Кратово, во вечерните часови на 12 февруари, починати биле пронајдени 67-годишен кратовец и неговата 66-годишна сопруга.

Во куќата на улица „Глигор Пазавански“ бил извршен увид, а лекарите констатирале смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.



Слични Објави