СПАСОВСКИ: ОЧЕКУВАМ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА БИДЕ УСВОЕН ОД СОБРАНИЕТО
Техничкиот премиер Спасовски изјави дека и покрај тоа што законот за ЈО не е услов за влез во ЕУ, овој закон ќе биде добар пример пред државите членки на Унијата. Спасовски изрази надеж дека законот ќе биде разгледан на пленарна седница и ќе биде усвоен од Собранието.
Спасовски во однос на најавата од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да учествува во работата на собранието истакна дека не е запознат со таа одлука, но додаде дека за секој политички потег ќе има и политичка одговорност.
Во однос со предлогот за разрешување на министерката Мизрахи, Спасовски истакна дека, ако дојде до разрешување, опозицијата треба да даде нов предлог. Според него, новиот кандидат треба да го почитува Уставот и може да биде дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за „северна“. Но тоа како што додаде Спасовски е одлука на опозицијата.

