| |

РЕКОРДЕН БРОЈ НА ПОЧИНАТИ И ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Хубеи – кинеската провинција во епицентарот на појавата на коронавирусот објави рекорден пораст на бројот на починати. Зголемениот број, според некои, се должи на новиот метод на дијагностицирање на инфекцијата. Во меѓувреме, Пекинг разреши двајца локални партиски лидери по критиките за нивните потези во решавањето на кризата, јавува Радио Слободна Европа.

Здравствените власти во покраината Хубеи соопштија дека 242 луѓе починале од вирусот на грип во средата, што е најбрз пораст на дневниот биланс откако вирусот е забележан во декември.

Досега вкупниот број на смртни случаи во покраината достигна 1.310.

Претходниот најголем дневен пораст беше 103, на 10 февруари.

Само за еден ден беа пријавени и над 14.800 случаи на заразени.

Сега вкупно во Кина ги има околу 60.000.

Ден претходно беа забележани само 2.015 нови случаи за 24 часа.

До ова доаѓа откако во провинцијата започна да се користи скенирање со компјутерска томографија во барањето знаци на вирусот.

Претходниот начин бил премногу бавен, а користењето на побрзи скенирања што откриваат инфекции на белите дробови, ќе им помогне на пациентите да добијат третман што е можно поскоро.

Откако Кина ја објави најмалата бројка на нови случаи за две недели, дојде и до некои прогнози дека епидемијата може да заврши до април.

Но, Светската здравствена организација во средата предупреди дека е „премногу рано“ да се каже дали коронавирусот сега со името КОВИД-19 можеби достигнал врв или кога би можел да заврши.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави