| |

КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН СО ФАЛСИФИКУВАН ПАСОШ СЕ ОБИДЕЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Косовски државјанин со фалсификуван пасош се обидел да влезе во Македонија преку Меѓународниот аеродром – Скопје. 41-годишниот Х.Ј. бил лишен од слобода.

-За патување тој приложил македонска патна исправа на име на лице од с.Арачиново, скопско. Додека, при личен преглед и преглед на неговиот багаж била пронајдена косовската патна исправа. Х.Ј. бил предаден на инспектор од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка, велат од МВР.

Слични Објави