| |

Косовските власти објавија дека манастирот, каде вооружени мажи се забарикадираа, е „под контрола“

Косовските власти вечерва соопштија дека манастирот, каде што вооружени лица се забарикадираа порано денеска, е „под контрола“ и ситуацијата е смирена, јавува Франс прес, пренесува БТА.

„Повторно ја вративме контролата врз оваа област по неколку престрелки“, рече на прес-конференција косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечлја.

Утринава триесетина вооружени лица зазедоа позиции во манастирот во селото Банска, 55 километри северно од главниот град Приштина. Од пладне тие беа опколени од полицијата.



Слични Објави