Ковачевски: Одиме во Брисел за да ја потврдиме позицијата за европска иднина

/

Со албaнскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ денес донесовме одлука уште еднаш да ја потврдиме позицијата дека Северна Македонија, Албанија и Србија имаат европска иднина, објави на социјалните мрежи премиерот Димитар Ковачевски.

„Решивме дека треба, пред земјите пријатели, кои се посветени на напредокот на регионот на економски и политички план и кои се залагаат за брзи и одлучни евроинтеграциски процеси, да ги повториме нашите заложби за европскиот пат на целиот Западен Балкан“, се посочува во неговата објава.

Тој нагласува дека доколку не се обезбеди прогрес на процесот на евроинтеграции, тоа ќе биде сериозен проблем и удар врз кредибилитетот на ЕУ на Балканот.

„Нашите ставови на оваа тема ќе ги пренесеме заеднички на самитот на ЕУ за Западен Балкан во широк форум, во центарот на европската дипломатија“, нагласува премиерот.



Ковачевски, Вучиќ, Рама и нивните колеги од другите земји од Западен Балкан се повикани во Брисел на средба со челниците од ЕУ, што треба да се одржи в четврток пред јунскиот самит на Европскиот совет, на кој ќе се разговара за проширувањето на Унијата.

Извор: Темите



Претходна статија

Просечната нето-плата во април – 31.525 денари

Следна статија

Доста трпевме, ова е вистината за ГТЦ, дуќанџиите на протест пред Владата

Најново од Вести