Ковачевски: Се согласувам со амбасадорката Агелер во однос на корупцијата, да се пријават сите неправилности

/

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Влада, осврнувајќи се на изјавата на американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, дека иако чекориме на патот кон Европската Унија, корупцијата го кочи напредокот на Северна Македонија, рече дека апсолутно се согласува со неа.

–  Вчера имав состанок со неа и со потсекретарот на САД за борба против тероризам и перење пари, на којшто разговаравме во однос на теми поврзани со надлежностите на МФ на САД и посебно на овој потсекретар. Во тој дел ќе следуваат заеднички активности, рече Ковачевски.

Тој, во делот на борбата против корупцијата и владеењето на правото, потсети на поделените надлежности, а тоа е дека Владата треба во рамки на своите надлежности да овозможи независно функцонирање на судството и на Обвинителството во дражвата.

– И ние тоа го правиме. До колку го погледнете и овој буџет ќе видите дека нема никакви намалувања, иако сме во криза, во делот на финансирањето на судството. Тие треба да работат како независен сопствен буџет, како што е согласно со закон. Во однос на заложбите на Владата, јас асполутно ги поттикнувам сите коишто се соочиле со одредени криминални, коруптивни пракси, веднаш да ги пријават кај сите надлежни институиции коишто се задолжени за тоа и да одлучуваат судските и обвинителските органи нормално во согласност со закон во рамки на своите надлежности, нагласи претседателот на Владата.



Претходна статија

МВР: Немало закани ниту напад кон полициски службеници во Арачиново, случајот е целосно расчистен

Следна статија

Ковачевски и Бесими: Буџетот за 2023 година – Стабилност, сигурност, одговор на предизвиците и основа за развој

Најново од Вести