| |

Креаторот на едукативниот сајт „Уча.се“ Дарин Маџаров е еден од номинираните за наградата „Будител на деценијата“ во Бугарија

Првите моменти се најважни за да разберете дали тоа што го правите им дава вистинска вредност на луѓето кои ќе го користат. Многу ги почитувам наставниците и многу се плашев да си речат: „Сега гледај го ова, ги прави видеата за да ни објасни како треба да стојат работите“. А не е тоа поентата…, јавува БНР.

И тие го користат. „Уча.се“ кој е најпосетуваниот едукативен сајт во Бугарија со повеќе од 24.000 видео лекции и тестови и задачи прегледани над 100.000.000 пати од над 1.000.000 регистрирани корисници.

Тој веќе има 36 години, но детското во Дарин Маџаров го чува во него тој пламенот што не згаснува со времето.

Во 2011 година дипломирал и магистрирал електроника и компјутерски науки на Универзитетот Јакобс, Германија, станал докторант во областа на обновливите извори на енергија и електричните автомобили на Католичкиот универзитет во Лувен, Белгија, но се вратил во Бугарија. Истата година, тој имал идеја за платформа во помош на студентите.

Така Дарин го основал Уча.се, при што снаодливиот млад претприемач првично снимил преку 550 видео лекции по математика, физика, хемија, биологија и англиски јазик. Откако се зголемил интересот за неговата платформа, тој ги прекинал докторските студии и трајно се вратил во Бугарија за целосно да се посвети на проектот и да изгради тим со кој ќе го подобри образованието во Бугарија.

И успеал. Наставниците ја одобруваат неговата платформа, а родителите и учениците со задоволство ја користат. Веќе неколку години, тој развива слични страници за да им помогне на децата во Италија и Шпанија.

Слични Објави