КРЕМ ЗА БРИЧЕЊЕ

Бидејќи производите за бричење често содржат состојки кои ja сушат кожата, а ние практикуваме бричење речиси секојдневно, ви препорачуваме да направите сами хранлива крема за бричење – без конзерванси, хемикалии или чудни парфеми и бои.

Ако црвенилото, иритацијата и чешањето по отстранувањето на несаканите влакненца од нозете, пазувите или пределот за бикини се вообичаена последица после бричење, овој крем за бричење е точно за вас.

Овој благ крем за бричење, содржи природни состојки и има неограничен рок на траење

Потребни состојки:

• ⅔ чаша путер,
• ⅔ чаша кокосово масло,
• ¼ чаша масло од семе од грозје,
• ¼ чаша маслиново масло,
• 10-20 капки есенцијално масло по желба,
• 2 лажички сода бикарбона,
• 2 капсули на витамин Е,
• пластични тегли,
• пумпа за сапун,
• топол лепак.

Начин на подготовка:

.На тивок оган растопете го путерот и кокосовото масло. Со мешање, почекајте состојките целосно да се растворат, а потоа додадете го маслиновото масло и семето од грозје. Потоа додадете го есенцијалното масло.

Оставете ја смесата од масла малку да се излади – оставете ја да отстои преку ноќ или ставете ја во фрижидер и почекајте да се зацврсти целосно. Потоа додадете витамин Е и сода бикарбона и со миксер матете додека состојките добро се соединат. Внимателно прободете го капакот на теглата во средина, така што дупката е доволно голема за да помине цевката за пумпа за сапун, и дополнително зацврстете ја со топол лепак. Сипете го кремот за бричење во тегла со капак и чувајте го на собна температура.



Слични Објави