|

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДРЖАВНАТА ПРАВОБРАНИТЕЛКА ОД КУМАНОВО

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Ј.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во период од 04.11.2016 до 17.04.2018 година, пријавената во својство на Државен правобранител за подрачје на Куманово, ја злоупотребила службената положба во врска со постапувањето по правосилно решение од нотар за пренесување на права во корист на Северна Македонија како законски наследник.

– Имено, семејството на починатиот В.М., како сопственик на уделите и паричните влогови во правно лице од Куманово во износ од 308.000 денари и како содружник во правно лице од Куманово со вложени удели и парични влогови, во спроведена оставинска постапка, предметните удели и влогови ги остапиле на Северна Македонија, заради натамошно постапување по налог за извршување на договор за заем од 700,000 денари на В.М. од страна на Р.И. информираат од МВР.



Слични Објави