Кривични пријави против две лица – без одобрение изградиле објекти покрај брегот на Дебарското Езеро

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Т.П.(23) од с.Баништа, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“. Пријавениот во 2021 година, на парцела во државна сопственост, лоцирана покрај брегот на Дебарско Езеро, исекол стебла од дрвја, без одобрение за градење изградил објект за домување од тврд материјал и притоа се стекнал со имотна корист во вредност од 268.820 денари.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.И.(66) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“. Пријавениот, во 2021 година, на парцела во државна сопственост, лоцирана покрај брегот на Дебарско Езеро, исекол стебла од видот црн бор, без одобрение за градење изградил објект од тврд материјал и притоа се стекнал со материјална корист од 199.520 денари.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

(Видео) Васев: Политичкиот пироман Христијан Мицкоски се обидува да профитира од пожарите

Следна статија

Директорот на финансиска полиција со демант за видеото: ВМРО-ДПМНЕ е креатор на лажни вести

Најново од Разно