| |

На денешен ден се сеќаваме на жртвите на сите тоталитарни режими

Facebook статус на Кирил Илиев

На 23 август го одбележуваме денот посветен на милионите жртви на сите тоталитарни режими.
На овој ден во 1939 г. е потпишан Пактот Молотов-Рибентроп помеѓу национал-социјалистичка Германија и Советскиот Сојуз. Овој датум го означува почетокот на мрачен период во европската историја.

На 23 август 1939 година, министрите за надворешни работи на СССР (Молотов) и Германија (Рибентроп) потпишале пакт за соработка помеѓу двете тоталитарни држави со три тајни протоколи што ги дефинирале сферите на влијание во врска со Полска и балтичките држави.

Договорот го отворил патот за нацистичката инвазија врз Полска, проследена со инвазија на Црвената армија, по што земјата била поделена помеѓу Германија и Советскиот Сојуз.

Останатото е (не) позната историја …


Режими во СССР и Германија се разликувале во нивната идеолошка оправданост, но не и во алатките што ги користеле. Затоа овие два тоталитарни режими се сметаат за подеднакво антихумани и мизантропски.
Да се ​​помолиме за жртвите на тоталитарните режими!



Слични Објави