КУД “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” СО ОСВОЕНА ПРВА НАГРАДА НА НАТПРЕВАР ВО БУГАРИЈА

КУД “Гоце Делчев” од Делчево со освоена прва награда се враќа од Меѓународниот фолклорен фестивал кој секоја година се одржува во Бургас Р.Бугарија. Делчевските играорци од Детскиот фолклорен ансамбл од 21 до 29 јули учествуваа на фестивалот “Летните празници” во Бургас, каде настапија со дел од фолклорот од Пијанец и други македонски кореографии, а исто така преку настапите на вокални исполнители презентираа македонски стари и необработени изворни песни.

Извор: /delcevo365.mk

Слични Објави