Курц пред реизбор за лидер на ОВП

/

Владејачката Народна партија на Австрија (ОВП) на 28 август ќе го одржи 39. Редовно собрание во Санкт Пелтен, на кое канцеларот Себастијан Курц треба да биде реизбран за претседател на партијата.

Предвидено е Курц да одржи говор за актуелните теми како што се пандемијата со Ковид-19, миграцијата и климатската криза, а исто така ќе изложи насоки за наредниот период.

Курц во 2017 година кога беше избран за лидер на ОВП имаше доверба од 98,7 отсто од членството.



На собранието в сабота ќе учествуваат околу илјада делегати, со почитување на епидемиолошките мерки односно ќе можат да присуствуваат само делегатите кои имаат сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

МЗ: Вчера се аплицирани 13.303 вакцини

Следна статија

Заев: Со згрижувањето на Авганистанците ќе ја испратиме пораката за хуманост и солидарност

Најново од Вести