Заев: Со згрижувањето на Авганистанците ќе ја испратиме пораката за хуманост и солидарност

/

Вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на Авганистанците, но не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава зашто бројката постојано се менува како што вчера се откажаа дел и заминаа на други дестинации, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, напомена Заев, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност, и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака вои најтешките моменти.

-Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партнери да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност., рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.

Заев повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.



Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Курц пред реизбор за лидер на ОВП

Следна статија

514 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Најново од Вести