КУРТИ: АКО НЕ СЕ ДОГОВОРИМЕ СО ДЛК ЌЕ ИМА НОВИ ИЗБОРИ
Кандидатот за премиер на Косово и претседател на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, рече дека доколку не постигне договор со Демократската лига на Косово (ДЛК) за формирање влада, ќе се одржат нови избори.
Курти истакна дека неговата партија не е против нови избори, бидејќи поддршката за неговата партија расте, но според него, тоа не е примарната цел на неговата политичка формација.
„Јас сум се раководам од заедничкиот, државен интерес, којшто вели дека треба да се формира влада што е можно поскоро помеѓу движењето „Самоопределување“ и ЛДК“, рече Курти.
Тој рече дека сè уште нема расправа за тоа кој ќе биде новиот претседател на земјата.
Според него, најважно сега е да се избере премиер, портпарол и 12 министри и потоа да се разговара кој ќе биде новиот претседател на Косово.
