ЗАХАРИЕВА: НЕ ТРЕБА ДА СЕ ОДЛОЖУВА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
„Не треба да се одложува започнувањето на преговорите за членство во Европската Унија на Македонија и на Албанија поради францускиот предлог за нова методологија за преговорите за присоединување, тие процеси можат да се одвиваат паралелно“, рече бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева на конференција во Софија посветена на Западен Балкан.
„Дел од реформите, предложени од Франција, се прифатливи за Бугарија, но тоа не значи дека давањето зелено светло за почеток на преговори со Македонија и Албанија треба да се одложи до усвојување на новата методологија. Двата процеса можат да продолжат истовремено“, рече Захариева.