ЛАШКОСКА: ЗАЕВ СО ХЕЛИКОПТЕР ОДИ ПО НАСТАНИ

//

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска од Прилеп, на својот ФБ профил објави дека премиерот Зоран Заев на денешните настани патувал со хеликоптер, објавувајќи фотографија.

„Вие навистина повеќе не знаете на каде терате! Денес во Прилеп пристигна, ни помалку, ни повеќе, со хеликоптер! Во градот во кој има најмногу смртни случаи како последица на Covid 19,во градот кој благодарение на вас е мртов град“, напиша Лашкоска.



Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Прилеп и Битола. Ќе врши увид на градежните активности на модуларната болница во Прилеп, како и изградба на детската градинка и официјално ќе ја пушти во употреба новата трансформаторска станица „Битола 2“ во Општина Новаци.

Претходна статија

БИТИЌИ: МИНИМАЛНАТА ПЛАТА СЕ УШТЕ НЕ E ДОСТОИНСТВЕНА

Следна статија

ОД 18 МИЛИОНИ ВАКЦИНИРАНИ СО „АСТРАЗЕНЕКА“ ВО БРИТАНИЈА, КАЈ 30 СЕ ПОЈАВИЛА ТРОМБОЗА

Најново од Вести