|

ЛАВРОВ: САД ЈА КОРИСТАТ СИТУАЦИЈАТА СО КОВИД-19 ЗА ДА НАМЕТНАТ СВОИ ПРАВИЛА ВО СВЕТСКИ РАМКИ

„СAД и нивните сојузници продолжуваат да се обидуваат да ја искористат ситуацијата со СОВИД-19 за да го наметнат својот став за светот“, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.

Првиот дипломат од Москва разговарал телефонски со своите колеги од Шангајската организација за соработка (Русија, Кина, Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Киргистан).

„Откриваме дека дури и во контекст на пандемијата нашите колеги во Вашингтон и некои нивни партнери ги продолжуваат своите напори за ескалација на тензиите во светот. Соединетите држави и другите земји сакаат да ја искористат ситуацијата и да наметнат нови нивни правила во светот“, додава Лавров.
Министерот за надворешни работи на Русија зборувал и за економските последици од кризата со коронавирусот.

„Според експертите, обемот на светска трговија би можел да падне до 30 проценти. Затоа е добро да се разговара за продлабочување на соработката меѓу нашите земји“, додава Лавров.

Слични Објави