ЦАРОВСКА СЕ ПОФАЛИ ДЕКА ЗДРАВСТВЕНИТЕ И ЕКОНОМСКИТЕ МЕРКИ НА ВЛАДАТА ДАВАЛЕ РЕЗУЛТАТ
Сетот на здравствени и на економски мерки на Владата дава резултати, изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во синоќешното гостување во емисијата „Програма 200“ на ТВ Алсат.
„Економската криза не е тајна. Таа се случува во светот, се случува и кај нас, но може да оцениме дека меѓународните финансиски институции, па и домашните институции се позитивни во проекциите, што укажува дека падот на приходите е помал од она најдрастично сценарио и дека БДП најмалку ќе падне во нашата држава во споредба со земјите во регионот. Тоа го проектираше и Светската банка што покажува дека мерките што се димензионирани и во делот на здравствен протокол на заштита, но и во економска поддршка, даваат резултати, рече Царовска.
Таа додаде дека производството во земјава не застанало, а не бил стопиран ниту увозот и извозот, туку се одвивал со намален интензитет.
„Значи целосно затворање никогаш не направивме, а, сепак, здравствената криза не достигна одредена драматична бројка, оцени Царовска.

