ГДУ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЌЕ НАСТАПИ СО СЛОГАНОТ „ПОИНАКУ Е ПОДОБРО“

/

Политичката партија Граѓанско Демократска Унија на предвремените парламентарни избори ќе настапи со слоганот „Поинаку е подобро“, јавуваат од партијата.

ГДУ ќе настапи на претстојните избори со кандидатски листи во 5 изборни единици. Носител во ИЕ 1 е граѓанската активистка Ана Глигорова од „Движење на слободни граѓани“ во коалиција со ГДУ. Во ИЕ2 носител на листата е д-р Енсер Јусуфоски, потпретседател на ГДУ. Во ИЕ3 носител на листата е претседателот на партијата Петар Колев. Во ИЕ4 ќе истрча Добре Митрев, член на УК на ГДУ, а во ИЕ5 носител ќе биде Даниел Јорданоски, претседател на локалниот клуб на ГДУ во Охрид.



Претходна статија

ДОДЕКА ОБИЧНИТЕ ГРАЃАНИ ПО ВРАЌАЊЕ ОД СТРАНСТВО МОРААТ ВО КАРАНТИН, ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ БЕЗ ПОТОА ДА БИДАТ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Следна статија

АНКЕТА: ЗА КОЈА ПАРТИЈА БИ ГЛАСАЛЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ? ОТВОРИ И ГЛАСАЈ!

Најново од Вести