КРАТКА ПРИКАЗНА ЗА КРОКОДИЛИ

/

Оде Ванчо низ селото и прска врз патот , по куките , по нивите ,бавчите . На лугето тоа им беше чудно па викнале полиција . Полицијата го прашала Ванчо – зошто прскаш низ селото . Па , прскам против крокодили . – Епа од каде крокодили тука бе Ванчо . – Епа нема кога јас прскам против нив . – Тогаш , ние како власт ( полиција ) ќе наредеме прскањето да биде задолжително и сите да прскаат против крокодили за да не ни ги изедат децата . За кратко време цело село започна да прска и да купува средство од Ванчо . Селаните формираа кризен штаб за мерки и упати кој како и каде да прска и кој не се придржува кон мерките да биде казнет , воведоа полициски час , заштитни маски за заштита од средството за прскање и т. н . Ванчо наскоро се збогати и доби признание за заштита на децата . Селаните му поставија и табла со натпис на влезот од селото ” Селото на Ванчо , спасителот на децата ” . На некои од селаните што користеа од средството за прскање од Ванчо им умреа кравите , на некои им се расипа житото , на некои им се разболеа децата од некои чудни болести ….. но сето тоа ,се разбира , беше помала штета од колку КРОКОДИЛИТЕ да ги изедат децата . И никој не смееше да се посомнева или да праша и истражува , бидејки , непобитен факт беше дека од кога започна темелно да се прска на секаде , не беше виден ниту еден крокодил !!! ………….. Секоја сличност со реалноста е случајна ?????????.

Fb статус на Тони Коцев



Претходна статија

МАКЕДОНИЈА НЕ Е СЕВЕРНА- МАКЕДОНИЈА СЕ ПРЕТВОРА ВО ГДР

Следна статија

ЗА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НЕЗАМЕНЛИВИ МАЗНИ ГАЗИЊА И ОСЕТЛИВИ СТОМАЧИЊА

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното