ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ВЛАДАТА И ОПШТИНА ШТИП ВО ОБЛАСТА НА ДИЈАСПОРАТА

//

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, остварија средба во Штип. При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Штип, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.

На средбата помеѓу градоначалникот Бочварски и министерот Адеми беа воспоставени начелата на соработка помеѓу двете институции на чие чело се и беше договорено заеднички да работат. Градоначалникот Бочварски и министерот Адеми потпишаа договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Македонија и Општина Штип.

Главна цел е преку потпишувањето на овој договор да се овозможи отворање Канцеларија за соработка со дијаспората. Оваа Канцеларија ќе ги врши работите кои се однесуваат на административно-технички работи за грижа на иселениците, односно истата ќе треба да одржува комуникација со дијаспората со потекло од општина Штип, да ја информира дијаспората по однос на одредени прашања, како и да асистира во зголемување на ефикасноста при комплетирање на административни постапки и решавање на административни проблеми од различен карактер со кои се соочуваат претставниците на дијаспората, како на пример: вадење лични документи, постапки во областа на трудот и социјалната заштита, информирање за одредени закони или промени во законските решенија, информирање за можностите за инвестирање, како и информирање за конкретни културни настани кои би биле од интерес за граѓаните од дијаспората кои престојуваат во соодветната општина.

„Правиме еден крупен исчекор во насока на подобрување на условите за сите наши граѓани коишто живеат надвор од Република Македонија. Сакаме да придонесеме да имаат побрзи и подобри услуги во моментот кога тие граѓани ќе се вратат овде, во Република Македонија,” изјави градоначалникот Бочварски.



„Денеска со градоначалникот Бочварски потпишавме прв ваков договор за соработка во областа на дијаспората. Драго ми е што таа идеја која ја почнавме денеска можеме да ја ставиме во правна рамка и верувам дека многу скоро таа канцеларија ќе биде целосно во функција на сите оние наши граѓани кои живеат и работат во дијаспора, а сега летото веројатно ќе дојдат во Штип и околината и ќе можат тие неколку дена додека се тука да се посветат повеќе на семејствата, а помалку на бирократијата,” посочи во неговата изјава министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Канцеларијата за соработка со дијаспората ќе соработува со иселениците од Република Македонија кои се на постојана или привремена работа надвор од Република Македонија 

Претходна статија

СДСМ: ШЕКЕРИНСКА ВО ОХРИД- МАКЕДОНИЈА КОНЕЧНО ЧЕКОРИ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ, РЕФОРМСКИТЕ МЕРКИ ОБЕЗБЕДУВААТ ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Следна статија

СДСМ: КИРАЦОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ШТИП, КАРБИНЦИ И ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ОСТАНУВА ВРВЕН ПРИОРИТЕТ НА СДСМ И ВЛАДАТА ШТО ЈА ПРЕДВОДИ

Најново од Вести