|

Ле Пен: Нема тајна агенда за излегување на Франција од ЕУ

Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сакаат ЕУ каква што е денес, изјави Марин Ле Пен, лидерка на француската десница, која оди во вториот круг од изборите со актуелниот претседател Емануел Макрон.

„ Огромното мнозинство Французи повеќе не ја сакаат ЕУ како што е денес. Европа – не оспорувам дека постои соработка, се разбира. Но, тоа не може да се направи против волјата на народот“, рече Ле Пен во интервју за француското радио „Франс ентер“.

Таа рече и дека нема „тајна агенда“ за евентуално излегување на Франција од Унијата во случај да победи на изборите.

Во првиот круг од изборите Ле Пен освои 23,15% од гласовите, наспроти прворангираниот претседател на Франција, Емануел Макрон (27,84%).

Извор: Темите



Слични Објави