|

Лебот, маслото за јадење, брашното од денеска ќе мора да се продаваат по набавна цена

Белиот и полубелиот леб, сончогледовото масло за јадење и брашното од пченица тип 400 од денеска трговците мора да ги продаваат по набавна цена, односно без профитна маржа.

Министерството за економија денеска информираше дека профитите маржи за основните производи се намалуваат кај трговијата на големо од 10 на 4 и кај трговијата на мало од 5 на 3 отсто.

На листата на производи повеќе не е вклучено овошјето и зеленчукот. Мерката ќе важи за шеќерот, трајното кравјо млеко, свежо месо, сирење, урдата, македонскиот ориз, јајца, шпагети и макарони.

Одлуката ќе се применува до 31 мај. Казните за трговците остануваат исти како и претходната одлука.

Со оваа мерка се сложиле и стопанските комори, информира министерството.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави