|

Девет лица од Тетово и Гостивар, наместо да седат во изолација, ја напуштиле земјава

Во периодот од 8 до 11 август полицијата, на подрачјето на Тетово и Гостивар, извршила проверки на лица на кои им било издадено решение за изолација и домашно лекување.

Како што информираат од МВР, притоа било констатирано дека Д. Л. од Косово, со престој во државата, Љ. С. (54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А. Ќ. (37) од Тетово, М. Љ. (49) и А. Х. (20) – двајцата од Мала Речица, Б. Х. (35) од тетовски Лисец и М. З. (54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле на местото за изолација, туку ја напуштиле државата.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични Објави