|

Ѓорчев: Во 2010 година набавивме 25 сервисни возила, „Заевистан“ нема набавено ништо

Во 2010 година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, набави 25 сервисни возила, посочи на социјалните мрежи, Влатко Ѓорчев.

Тој појасни дека 15 од нив биле пожарни за урбана средина, 10 специјализирани за шумски пожари, како и три авиони „Ер Трактор”. Исто така споменува дека во тој период биле набавени седумдесет нови возила за прва помош.

„’Заевистан’ нема набавено ништо, освен лимузини за функционерите. Буквално пустош и пепел“, обвини Ѓорчев на „Фејсбук“.



Слични Објави