ЛЕКАР СО ГНЕВНА ПОРАКА ДО ФИЛИПЧЕ: КАЗНУВАЈТЕ МЕ КОЛКУ САКАТЕ, НО НЕСПОСОБНИТЕ ДА ГИ СМЕНИТЕ ВЕДНАШ

//

„Почитуван колега и Министер Венко. Четири дена чекавме резултати за лежечки пациент на интерно одделение, за сега во овие касни сати да разберам дека е позитивен за КОВИД-19???
Нема да се помирам и да ја прифатам оваа лакрдија.
Слободно казнувајте ме колку сакате, но неспособните да ги смените веднаш.
Таков гнев и револт чувтвувам што не се опишува.
Не ме исполнуваат аплаузи и немам потреба да си го хранам егото, барав да се водиме според правилата и да се заштитиме во секој поглед. Цел месец укажував дека не сме на ниво и еве дојде до тоа од коешто се плашев.
Потфрливме и за ова барам да се одговара“, порача лекарот од Битола д-р Боби Трајковски преку социјалната мрежа Facebook.





Претходна статија

(ВИДЕО) АПСЕЊЕ НА КРАДЕЦ ВО ЃОРЧЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Следна статија

СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕДНОСТ- СЕ ОЧЕКУВА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Најново од Вести