|

Лекарската комора ги чека документите од МЗ за сомнителните досиеја на Кардиологија

Лекарската комора ги чека документите од Министерството за здравство за да формира специјална комисија која ќе изврши надзор на осум сомнителни досиеја поврзани со евентуални злоупотреби на Клиниката за кардиологија.

Претседателката на Комората, Калина Гривчева-Старделова, појасни дека комисијата мора да има најмалку тројца членови и задолжително еден правник од Комората, но доколку станува збор за покомплексни случаи, бројот на членови треба да биде поголем.

„Имаме најава дека ќе се врши надзор на 8 случаи преку вонреден надзор. Според процедурата, надзор се врши кога досиејата ќе пристигнат, но сè уште немаме документи во Комората. По нивното пристигнување, се формира специјална комисија која оценува од која област треба да се повикаат луѓе за да се изврши надзорот на поквалитетен начин,“ изјави Гривчева-Старделова.

Слични Објави