ЛИБЕРАЛНА ПАРТИЈА: СО ЕКОЛОШКА НАЛЕПНИЦА НА ВОЗИЛАТА НЕМА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО

Либералната партија смета дека со воведувањето на црвена, жолта и зелена еколошка налепница за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето. Ќе се удри по најсиромашниот слој граѓани кои својата последна заштеда ја искористиле за купување на сопствено возило, кое во 21 век претставува потреба а не луксуз.

Загадувњето прикажано на мерните станици покажува најголеми бројќи на загадување во часовите по полноќ, период во кој низ главниот град се движи минорен број на возила. Затоа сметаме дека одговорноста треба да се бара во дивите депонии, потпалувачите на отпад и фабриките. Бараме да се извршат темелни промени во сите институции поврзани со отпад.

Субвенционирањето на електрични и хибридни возила исто така не претставува долгорочно решение. ЛП предлага Владата да ја укине акцизата за увоз на нови автомобили, товарни возила и механизација во наредните две години, со што за краток период граѓаните ќе се ослободат од старите возила, и на тој начин ќе се придонесе во обновувањето на возниот парк во Република Македонија.

Исто така предлагаме во деновите со загадување над максималната границата, автобускиот превоз да биде бесплатен за сите граѓани на РМ.