ЛИДЕРОТ НА СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО МИНЕАПОЛИС: ЗАПОМНЕТЕ ЈА КРИМИНАЛНАТА ИСТОРИЈА НА ФЛОЈД
Лидерот на синдикатот на полицијата во Минеаполис изјави дека луѓето треба да ја запомнат „криминалната историја на Џорџ Флојд, која е полна со насилство“.
„Протестите за неговата смрт се дело на терористичко движење“, пишува Боб Крол.
Во писмо објавено на Твитер, тој вели дека Флојд во 2009 година отишол во затвор за напад и грабеж, извршени две години порано. Тој претходно бил осуден за разни кривични дела, од кражба со употреба на огнено оружје до поседување на дрога.
„Без оглед на тоа што тие велат, медиумите нема да ја известат вистинската криминална историја на Џорџ Флојд“, пишува Боб Крол. „Ова терористичко движење, кое функционира сега, трае веќе долго време. Во исто време, властите во Минесота го намалуваат бројот на полицајци. Нашиот началник побара вработување на 400 лица и неговото барање беше одбиено“, пишува тој.
Лидерот на синдикатот вети дека неговата организација ќе му помогне на Дерек Шовин, полицискиот службеник обвинет за убиството на Флојд, како и на другите тројца негови колеги вклучени во фаталното апсење. „Овие луѓе беа отстранети без соодветна постапка“, тврди Боб Крол.

