КОЛЕВ: ДО КОГА ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО КОЧАНСКО ЌЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО НАВОДНУВАЊЕТО И ЦЕНАТА НА ОРИЗОТ?
„Група на граѓани ми се обратија за проблемите со кои се соочуваат во Кочани и кочанско во врска со долгогодишниот проблем со системот за наводнување бидејќи не е ставен целосно во функција.
Иако делот со главните канали ДЕЛУМНО е среден, кочанчани имаат голем проблем со каналетите односно споредните цевки преку кои се дистрибуира водата до самите ниви. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на 21 јануари 2020 година, на состанокот со земјоделците и градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, изјави дека цитирам „како ресорно министерство заедно со општина Кочани веќе ги преземавме сите потребни активности во делот на каналите за наводнување и одводнување, со цел да бидат подготвени за годинешната сезона за сеидба на ориз. Очекуваме за една недела да се објави јавна набавка со која за подржуниците на АД Водостопанство, меѓу кои е и подружницата во Кочани, ќе се направи една голема набавка во вредност од 50 милиони денари, со којашто ќе ги обезбедиме потребите на подружниците за резревни делови, градежни материјали и се друго што им е потребно, со цел целокупниот систем за наводнување да биде ставен во функција, за новата сезона за сеидба на ориз“.
Но како и обично наназад 30 години ветувањата или се само празни зборови или не се исполнуваат во целост.
Каналетите се во мизерна состојба, стари, уништени и неисчистени. Иако за ова одговорни се АД Водостопанство-Кочани, сепак оризопроизводителите сами се принудени да ги одржуваат колку што можат овие каналетки. Прашањето е ако навистина се обезбедиле средства, како што изјави министерот а потврди градоначалникот, зошто не е се сработено во целост иако сезоната за оризот е веќе почната? Што се чека?
Друг огромен проблем со кој се соочуваат оризопроизводителите се и вработените водари- луѓе кои треба да се одговорни за количеството на вода која се испушта по нивите. И покрај другите грижи, земјоделците се оставени сами на себе да го контролираат количеството на вода, иако има луѓе кои што земаат плата и се одговорни за овој дел. Поради ова често пати доаѓа и до големи меѓусебни несогласувања помеѓу оризопризводителите.
Поради овие причини многу млади кои што се одлучиле да станат земјоделци полека се откажуваат и својата егзистенција ја гледаат насекаде само не во своите родни места. Младите се повеќе се иселуваат. Дали г-да од власта и сите вие наназад 30 години, на овој начин се грижите за нашите земјоделци? Вака ли ги мотивирате и овој ли е вашиот начин да ги задржите младите? Кога ќе престане тоа ваше ЌЕ? Градот на оризот е апсолутно запоставен. Наместо да манипулирате време е проектите што ги пишувате во предизборните кампањи да ги завршите во целост. Кочанскиот ориз е еден од нашите македонски обележја. Ако повторно ги разочарате земјоделците и не им дадете никаква мотивација, помош и поддршка, и не си ги исполните ветувањата за кои ве избрале, дефинитивно сите ќе се откажат а со тоа не губи само економијата тука и општеството во целост.
И за крај најважното, до каде сме со години наназад ветуваните 70 до 80 денари по килограм откупна цена на оризот?“, напиша на својата официјална Facebook страна Петар Колев, претседател на ГДУ.

